Во сон почина 35-годишната актерка Миранда Фрајер

Во сон почина 35-годишната актерка Миранда Фрајер

пред 2 години

Актерката Миранда Фрајер почина во сон на 35 години во својот дом во Австралија. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиното семејство. Тие потврдија и дека имала проблеми со срцето, но и дека сè уште не ја знаат точната причина за нејзината смрт.

„Сродните души, Миранда и Артур Потитис планираа да основаат семејство, но минатата недела таа само заспа и не се разбуди. Не знаеме зошто. Имаше некои проблеми со срцето, можеби нејзината прекрасна личност беше премногу за овој наш свет. Ние кои толку многу ја сакавме, ќе се сеќаваме на неа и ќе тагуваме по неа засекогаш. Прекрасно дете, убава тинејџерка, убава одвнатре и однадвор, жена која сакаше да ја споделува својата среќа со другите. Имаше толку многу пријатели и имаше уште многу да понуди на овој свет“, беше дел од соопштението испратено до медиумите, пренесува „TV Tonight“.

За потсетување, Миранда ја започна својата актерската кариера уште како бебе кога се појави на малите екрани во австралиската сапуница „Соседи“, каде глумеше во три сезони. Таа ќе остана запаметена и како првото дете на кое му беше доделен договор за работа на серијата.

Актерката се омажи за Артур Потитис во 2020 година, со кого планираше да го прошират семејството. Таа сакаше да стане медицинска сестра, па затоа подоцна целосно се повлече од актерството.

Share
Scroll to Top