Реге бенд од Флорида ја тужи Дуа Липа за плагијат

Реге бенд од Флорида ја тужи Дуа Липа за плагијат

пред 3 години

Британската пејачка Дуа Липа со косовско потекло се соочува со тужба, откако реге бендот „Artikal Sound System“ од Флорида ја обвини за кршење на авторски права, пренесува Гардијан.

Во тужбата поднесена до федералниот суд во Лос Анџелес, членовите на бендот тврдат дека песната на пејачката „Levitating“ која беше цели 68 недели на топ листата на „Billboard Hot 100“ и беше на врвот на листата „Hot 100“ во 2021 година е, всушност, копија на песната „Live your Life“ од 2017 година. Покрај кратката содржина, тужбата содржела главно шаблонски наводи за кршење на авторските права, со малку детали за тоа како и зошто Липа наводно ја копирала песната. Според нив, двете песни се толку слични што „не е веројатно дека „Levitating“ е создадена независно“.

Песната „Levitating“ беше објавена во 2020 година, како дел од нејзниот втор студиски албум „Future Nostalgia“. Таа постигна голем успех, на крај стигна до врвот на бројни топ листи, а ја освои и титулата за песна која најдолго се задржала на топ 10 листа досега од женски изведувач.

Во тужбата, исто така се наведува дека Липа имала „пристап“ до претходна верзија на нивната песна, што значи дека ја слушнала песната, па на тој начин ѝ дало можност да ја ископира. Но не е објаснето поради кои причини бендот верува дека поп-ѕвездата ја слушнала нивната песна и ја копирала. Покрај неа, тие ги тужат и „Warner Records“, како и други кои помогнале да се создаде „Levitating“.

Засега нема одговор ниту од преставниците на Липа, ниту од „Warner Music Group“ на барањата на медиумите за каков било коментар.

Share
Scroll to Top