Редовното вежбање ја спречува депресијата

Редовното вежбање ја спречува депресијата

пред 2 години

Стресот кој се појавува секојдневно може да доведе до депресија и нарушувања на расположението, тврдат експертите. Истражувањето спроведено на институтот Каролинска во Стокхолм покажувало дека редовното вежбање ја спречува депресија бидејќи мускулите се постојано ангажирани.

dobivaj vesti na viber

Аеробните активности кај луѓето поттикнуваат лачење на ензимот ПГЦ-1алфа во мускулите, а научниците претпоставуваат дека овој ензим создава состојба која штити од депресија.

Истражувачите избрале група возрасни доброволци кои поминале тринеделен тренинг на издржливост, возење велосипед или трчање со умерено темпо 40 до 50 минути. Тие направиле биопсија на мускулите пред и по програмата и заклучиле дека по тринеделниот тренинг мускулите содржеле значително повисоко ниво на ПГЦ-1алфа. Токму тоа води до заклучок дека ризикот од депресија може да се намали со редовно вежбање.

Share
Scroll to Top