Редок бел кенгур роден во зоолошка градина во Њујорк

Редок бел кенгур роден во зоолошка градина во Њујорк

пред 5 месеци

Во золошката градина во Њујорк се роди бел кенгур. Бебето кенгур е родено во Animal Adventure Park и има леукемија, ретка состојба што предизвикува делумно губење на пигментацијата на кожата и крзното на животното. За разлика од албинизмот, оваа состојба не предизвикува губење на пигментацијата во очите.

Бебето кенгур, по име Космо, е родено пред пет месеци, но чуварите на зоолошката го извадија од торбата на неговата мајка првпат овој месец.

„Штом го извадивме од торбата и видовме дека е целосно бело, се чувствувавме фантастично, но кога видовме дека има црни очи, бевме шокирани. Во тој момент, не знаевме дека имаме нешто што ретко се гледа“, изјавил сопственикот на паркот, Џордан Печ.

Космо е единствениот ваков кенгур што моментално постои во Северна Америка.

 

Share

AniWatch watch anime: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 3

ANIMEFLIX animeflix hunter hunter: Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 105

Scroll to Top