Рецепт за зимски коктел со виски

Рецепт за зимски коктел со виски

пред 2 години

Коктелот „Булевардие“ ќе им се допадне на оние кои сакаат да пијат Менхетен или Негрони. Тоа е всушност негрони кој наместо џин содржи виски. Рецептот првпат беше објавен во 1920 година во книгата на Хари Мекелхон „Азбуката за мешање на коктели“.

Овој пијалок добро делува во зимските месеци кога не знаете што да нарачате – покрај вискито.

Две третини од „Булевардие“, се состои од виски, а една третина, во еднакви пропорции, сладок вермут и Кампари.

Време на подготовка: 3 минути.

Состојки:
60 мл виски, 30 ml кампари, 30 ml сладок вермут

Подготовка:
Измешајте ги состојките во шејкер за коктел исполнет со мраз. Послужете во чаша за коктел или чаша виски. Украсете со кора од лимон.

Share
Scroll to Top