Состојки:
– 250 гр брашно
– 50 гр шеќер
– 1/2 лажичка сол
– 125 гр путер
– 1 јајце
– 2 големи лажици млеко
Крем:
– 500 мл млеко
– 500 гр тиква
– 200 гр шеќер
– 2 јајца
– 1 лажичка цимет
Подготовка:
Калапот покријте го со хартија за печење. Измешајте брашно, сол и шеќер. Потоа додадете го ладниот путер исечкан на коцки и измешајте ја оваа смеса со прстите додека тестото не наликува на крупни трошки.
Потоа додадете ги јајцето и млекото и брзо измесете го тестото во топка. (Не месете предолго, инаку тестото нема да биде крцкаво). Тестото завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер половина час.
Тиквата за крем исечкајте ја на мали коцки и ставете ја во поголем сад, заедно со млекото. Додадете шеќер и варете го кремот на тивок оган додека не омекне тиквата (околу 15 минути) и мешајте за да не изгори тиквата.
Кога ќе омекне, матете со рачен миксер. Оставете го кремот да се излади, па додадете ги изматените јајца.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Извадете го тестото од фрижидер и разредете го и ставете го во калап. Избоцкајте го дното со вилушка и ставете го тестото во замрзнувач десет минути.
Извадете го тестото од замрзнувач и покријте го со фолија и печете десет минути.
Извадете го испеченото тесто и намалете ја рерната на 160 степени. Истурете го кремот во тестото и печете сè заедно половина час. Оставете ја питата да се излади, па исечете ја и послужете.