Рецепт за традиционални колачи за Младенци

Рецепт за традиционални колачи за Младенци

пред 3 години

Денеска на 22 март се празнуваат празнуваат Светите 40 маченици, меѓу народот уште познат и како Младенци, бидејќи жртвите биле млади мажи. Обичајот е да се посетат паровите кои се венчале во претходната година и да се даруваат. Денеска се прават Младенчиња, колачи со мед.

Потребни состојки:

  • 1 кг брашно;
  • 1 коцка свеж квасец;
  • 50 мл вода;
  • 4 лажици масло;
  • 2 лажици шеќер;
  • 3 лажици мед + за премачкување;
  • лажичка сол.

Подготовка:

  1. Во малку вода промешајте го квасецот и додадете го шеќерот. Почекајте да нарасне.
  2. Во сад ставете го брашното и додадете го медот, а потоа солта и маслото. Додадете го квасецот и сето тоа убаво измешајте го. Додадете го остатокот од водата и замесете тесто, па оставете го да стаса околу 20 минути.
  3. Расукајте го тестото и извадере 40 младенчиња со калап или чаша.
  4. Наредете ги на хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, додека не поруменат.
  5. Печените младенчиња премачкајте ги со мед.

извор: Стил.рс

Share
Scroll to Top