Рецепт за чоколадна торта - Reporter.mk

Рецепт за чоколадна торта – Reporter.mk

пред 2 години

Состојки за чоколадна торта во калап: 125 гр брашно, 200 гр шеќер, 22 гр какао, 1 лажичка сода бикарбона, ½ лажичка прашок за пециво, 1/4 лажичка сол, 1 големо јајце, 110 мл масло, 120 мл матеница, 125 ml топла вода.

dobivaj vesti na viber

Подготовка: Со хартија за печење или алуминиумска фолија обложете четвртаст или тркалезен калап за торта од 20 см. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Во голем сад за матење измешајте ги брашното, шеќерот, какаото, сода бикарбоната, прашокот за пециво и солта. Додадете јајце, масло и матеница и убаво изматете. Додадете топла вода и мешајте додека смесата не стане мазна. Истурете во подготвениот сад за печење. Лесно допрете го садот на работната површина за да ги ослободите воздушните меури. Печете 25 до 30 минути или додека чепкалка вметната на неколку места не излезе чиста. По желба тортата можете да ја премачкате со глазура или да ја посипете со какао.

Share
Scroll to Top