Рок бендот Ван Гог денеска соопшти дека по концертот на 8 март се враќаат во студио каде што ја привршуваат работата на новиот албум.
Бендот очекува до крајот на оваа година да бидат објавени нови синглови и спотови, а фронтменот Звонимир Ѓукиќ-Ѓуле го откри текстот на една од песните: „Свириме уште побрзо, дишеме без страв, бидејќи животот е наш до последен здив. Сè уште сме среќни со експериментот, таа игра на звук, ритам, светлина, движење“, рече Ѓукиќ.
Како што е најавено, ќе има изненадувања на концертот за Денот на жената а на Ван Гог ќе му се придружи како гостин на сцената, во улога на бас гитарист за таа пригода, неговiot пријател Нивис“, музичар од Куба, пренесува Танјуг.