(Видео) Додека Европа е пред целосно заклучување, поради коронавирусот во Вухан се прослави Ноќта на вештерките

(Видео) Додека Европа е пред целосно заклучување, поради коронавирусот во Вухан се прослави Ноќта на вештерките

пред 3 години

Додека Европа е пред целосно заклучување, поради коронавирусот во Вухан се прослави Ноќта на вештерките, пишуваат светските медиуми.

Жителите во кинескиот град Вухан, од каде почна да се шири коронавирусот, ја славеа Ноќта на вештерките и покрај тоа што епидемиолошката ситуација во светот не е поволна.

Повеќето од илјадниците луѓе кои излегоа на улиците, носеле заштитни маски, но сепак граѓаните не го одржувале потребното растојание.

Според актуелните податоци во Кина моментално активно случаи заразени со коронавирус има 363. Во Вухан, но и останатите земји во тој дел од светот, вирусот се смирува. Оздравени се 81.024 лица, а починати се 4634.

Голем дел од светските медиуми пишуваат дека, додека Европа е пред ново заклучување, во градот од кој коронавирусот, наводно потекнал, ситуацијата е сосема поинаква.

Share
Scroll to Top