Костими за капење кои ќе го камуфлираат вашиот стомак

Костими за капење кои ќе го камуфлираат вашиот стомак

пред 3 години

Многу дами се несигурни со своето тело во пределот околу струкот. Ситните недостатоци со првото доаѓање на летото стануваат вистински проблем поради облекувањето костим за капење. Но со обѕир на тоа дека произведувачите и тоа како ги слушаат желбите на потребите на дамите, оваа сезона голем хит се едноделните паметни костуми со ефект на визуелна липосукција.

1. Набори

Идеален сојузник во прекривање на стомакот се наборите кои се слоевито шиени во пределот, но добро ќе функционираат и останатите наборни модели.

2. Вертикални линии

Играта со линии е една од најпознатите камуфлажи која по желба ја издолжува и смалува фигурата, а кога станува збор за костимите за капење, бирајте ги оние со вертикални линии.

3. Крупен принт

Крупниот принт успева да привлече внимание со машните околу струкот кој останува камуфлиран и потполно се губат под материјалот.

4. Колорблок модели

Бирајте модели кои се во долниот дел се со темна боја, а во горниот светла или со некаков контрастен принт.

5. Модели во црна боја

Добрите стари класични костими за капење во црна боја се одличен избор затоа што му даваат на телото комплетна фигура, а стомачниот дел визуелно ќе се изедначи.

Share
Scroll to Top