Роман Абрамович протеран од Велика Британија

Роман Абрамович протеран од Велика Британија

пред 3 години

На рускиот милијардер Роман Абрамович му е забранет престој во Велика Британија. Сопственикот на Челзи со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а британските медиуми пишуваат дека е протеран од земјата и тврдат дека Абрамович никогаш веќе нема да смее да се врати таму. Наводно, имиграциските службеници добиле инструкции да му забранат на Абрамович да се врати во неговата вила во близина на палатата Кенсингтон, за која платил 125 милиони фунти.

Освен Абрамович, од земјата е наводно протеран и Алишер Усманов кој има удел во фудбалскиот клуб Евертон.

Абрамович е еден од 35. руски олигарси кои Алексеј Навални, лидерот на опозицијата во Русија, ги оцени како главни поддржувачи на режимот на Путин. И британската влада воведе санкции против Русија поради воена интервенција во источна Украина, а први на удар беа руските олигарси.

Абрамович никогаш не доби британско државјанство. Тој стана израелски државјанин во 2018 година, поради што можеше да влегува во Британија без виза. Тој претходно со рускиот пасош поседуваше виза од типот Tier 1 investor, тип на виза што им се доделува на богаташи кои сакаат да влезат во Британија и да инвестираат во земјата. За да добие ваква виза, поединецот мора да инвестира барем 2 милиони долари во земјата во првите три месеци од пристигнувањето.

Богатството на Абрамович се проценува на 8,4 милијарди фунти. Неговиот имот вклучува недвижен имот, но и серија суперјахти, меѓу кои и „Соларис“, која чини 450 милиони фунти и има систем за откривање проектили. Рускиот милијардер своето богатство го стекна со продажба на недвижен имот и имот кој бил во сопственост на државата пред распадот на Советскиот Сојуз.

Тој во 2003 година го купи фудбалскиот клуб Челзи, кој во во тоа време беше просечен англиски премиерлигаш, но Абрамович го направи еден од најуспешните фудбалски клубови во 21 век.

 

Share
Scroll to Top