Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, се пофали дека сексот со неговата партнерка Георгина бил подобар и од неговиот најдобар гол.
Во емисијата „Добро утро Британијо“ на Пирс Морган, Роналдо рече дека најубав гол му биле ножичките за Реал Мадрид, против Јувентус во Лига шампиони. Но, тоа не се споредува со искуството кое го имал со Родригез во кревет.
„Долги години се обидував да дадам таков гол. Имам дадено повеќе од 700 гола, но, никогаш со ножички. Начинот на кој го направив тоа против големиот Буфон и неговиот Јувентус во Лига на шампиони беше неверојатен. Тоа беше прекрасен гол. Мислам дека тоа беше мојот најдобар гол. Но, исто така тоа не можам да го споредам тоа со искуството кое го имав во кревет со мојата Горгина“, рече тој.
Неговиот гол со глава беше исто така беше пресуден во победата од 3:0 против Јувентус во првиот четвртфинален натпревар таа година.
И неговиот поранешен тренер Зиденин Зидан бил воодушевен од тој гол, објасни Роналдо, кој сега сака да ја подигне врската со 27-годишната Родригез на едно повисоко ниво, затоа што на тој начин ќе го оствари и сонот на неговата мајка.
„Еден ден ќе се венчаме, тоа е сигурно. Тоа е сон и на мајка ми. Таа е совршена и истовремено ми е и партнерка и пријателка. Можам да разговарам со неа и да ѝ го отворам срцето. Истото може и таа да го направи за мене“, рече Роналдо.
За потсетување, петкратниот добитник на Златна топка во 2015 година ја заврши петгодишната врска со рускиот топ модел Ирина Шаик, а врската со Родригез ја започна една година подоцна.
Тој и шпанската манекенка го добија своето прво дете Алан Мартин во 2017 година, а минатиот октомври објави дека чека близнаци.
Роналдо и Родригез покрај трите деца од првиот брак го имаат и Алан. Роналдо од првиот брак ги доби Кристијан Џуниор и близнаците Ева и Матео.
Идентитетот на мајката на Кристијан Џуниор засега не ја откри, додека близнаците Ева и Матео се родени од сурогат мајка во САД.