Руски академик тврди дека до 2600 година луѓето ќе станат бесмртни

Руски академик тврди дека до 2600 година луѓето ќе станат бесмртни

пред 3 години

Рускиот академик Алексеј Турчин тврди дека до 2600 година луѓето ќе станат бесмртни и дека тогаш мртвите ќе можеме да ги враќаме во живот.

Кога имал 11 години тој останал без својот најдобар пријател, а неговата смрт толку го погодила, што уште тогаш одлучил животот да го посвети на проучување на бесмртноста.

Тој се запишал на престижен факултет во Москва и во 1997 година се здобил со титулата магистер по физика. Од тој момент имал издадено неколку книги и напишано над десетина текстови низ разни светски научни магазини.

Станал еден од главните научници на подрачјето за трансхуманизам, научно движење кое настојува да го продолжи и подобри човечкиот живот со примена на разни технологии, пишува „Дејли стар“.

Во неговиот најпознат труд „Мапа до бесмртноста“, кој го напишал со колегата физичар Максим Чернијаков, е објаснето како може да се победи смртта, нешто што предизвика голема бура во научната заедница.

„Се чини дека смртта е трајна состојба, но никаде не постои доказ дека не може да се победи. Во моментов не поседуваме таква технологија, но не можеме да тврдиме дека тоа е невозможно. Потојат неколку можности како да се победи смртта кои ќе се измислат во иднина“, навеле авторите во својот труд.

Во рамки на „Мапата до бесмртноста“, претставени се четири опции на преживување. Планот А е доста директен. Луѓето откако ќе имаат можност, треба да вградат во своето тело вештачки органи кои ќе им служат вечно. Ако тоа не е можно, Турчин и неговиот колега предлагаат и план Б, за кој повеќето од луѓето немаат слушнато.

Крионика или замрзнувањето на телото може да ни купат време додека не го откриеме начинот како да ја постигнеме бесмртноста“, велат авторите.

Планот Ц е оној за дигитална вечнот. Сите наши мисли и чувства да бидат префрлени во супер-компјутери, а потоа истите подаотци бидат префрлени во ново, веројатно био-механичко тело.

И на последно место, планот Д е всушност слепо верување.

„Иако технологиајта расте и се развива толку брзо, сè уште не дојдовме до начинот како да живееме вечно, но сигурен сум дека до 2600 година тоа ќе го постигнеме. Дотогаш можеме само да се надеваме дека процесот на смртта ќе биде реверзибилен“, велат авторите.

Турчин смета дека еден ден сите кои умреле можат да бидат вратени во живот.

„Не можеме да ја отфрлиме таа можност. Со помош на некаква суперинтелегенција на галактичко ниво и тоа би можело да биде остварливо“, рече Турчин.

Share
Scroll to Top