Салата со љубеница, кромид, краставица и фета сирење

Салата со љубеница, кромид, краставица и фета сирење

пред 1 година

Состојки:

– 1/2 главица црвен кромид

– 2 големи лимета

– 700 гр излупена лубеница (без кора)

– 250 гр краставици

– 1 китка листови нане

– 50 гр фета сирење

– 2-3 лажици маслиново масло

– сол, бибер

Подготовка:

Кромидот исечкајте го на тенки прстени, покријте го со сок од лимета и оставете го 10 до 15 минути за да омекне кромидот.

Краставицата и лубеницата исечкајте ги на коцки, па измешајте ги со листовите нане и распарчената фета.

Извадете го кромидот од сокот, па додајте го во садот со лубеницата и другите состојки.

Измешајте го маслиновото масло со преостанатиот сок од лимета, па измешајте со сол и бибер.

Прелијте ја салатата и нежно измешајте.

Share
Scroll to Top