Само Роналдо има дадено повеќе голови од Пандев од листата на ветерани за оваа година

Само Роналдо има дадено повеќе голови од Пандев од листата на ветерани за оваа година

пред 3 години

Само Криситјано Роналдо е подобар од поранешниот македонски капитен, Горан Пандев, во листата на стрелци на фудбалери постари од 36 години во оваа 2021 година. Португалецот кој сезонава направи трансфер од Јувентус во Манчестер Јунајтед е прв со 23 голови.

Пандев кој има 38 години и кој ја игра можеби последната сезона во тимот на Џенова, е на второто место со 8 постигнати гола и има дадено повеќе голови од фудбалери како што се Ибрахимовиќ, Кваљареала, Модриќ…

Тој по Европското првенство се повлече од репрезентативниот дрес, но одлучи да одигра уште една сезона во дресот на италијанскиот тим.

Иако е на крајот од четвртата деценија, Пандев се уште игра на врвно ниво, а бројките покажуваат дека е еден од најдобрите ветерани во светот.

Share
Scroll to Top