Сара Мејс меѓу најдобрите харфисти во светот

Сара Мејс меѓу најдобрите харфисти во светот

пред 6 месеци

Пејачката и харфистка Сара Мејс на 20 октомври ќе настапи на онјалн-концерт на кој ќе свират најдобрите харфисти од светот. Концертот се одржува по повод Светскиот ден на харфата, а во рамките на одбележувањето 300 години од создавање на харфата. Сара убавата вест ја сподели преку „Инстаграм“ и се пофали дека големиот концерт ќе се одржи на нејзиниот роденден, па вели дека затоа е уште посреќна.

„Многу сум среќна што ќе настапувам на Светскиот ден на харфата и ќе ја претставувам Македонија. Инспирирана од нашата македонска песна ‘Се посврши сербез Донка’, напишав дело што го нареков Donka of Macedonia. Им благодарам на Okxsa Projects што ме избраа мене да ја претставувам мојата Македонија и што ме поддржаа во мојата работа. Ова ќе биде највозбудливиот роденден досега“, напиша таа.

Целта на годинешните изведувачи и композитори е да ги претстават своите земји преку вметнување на својата традиција во делата што ги изведуваат и на тој начин да го запознаат светот со својот фолклор.

Иницијатор на проектот е Александар Болдачев, руско-швајцарски харфист, композитор, наставник, гостин солист на Бољшој театарит, добитник на неколку интернационални награди, основач и генерален продуцент на Фестивал на харфата – Цирих.

 

Share

KissAnime kissanime reddit: Watch High-Rise Invasion Episode 2 (https://kissanimeonline.com/m/dmr8/ep-2)

AnimeTV watch anime free: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://animetv.cc/m/A1Yp) Episode 39

Scroll to Top