Сара Џесика Паркет и Taраџи П. Хенсон денес ќе ги откријат номинациите за „Златен глобус“

Сара Џесика Паркет и Taраџи П. Хенсон денес ќе ги откријат номинациите за „Златен глобус“

пред 5 години

Номинациите за филмските награди „Златен глобус“ 2021 година ќе бидат објавени денес, со задоцнето испалување на стартниот пиштол за овогодишната сезона на холивудски награди.

Номинациите за 78.издание на „Златен Глобус“ ќе бидат откриени од актерките Сара Џесика Паркет и Taраџи П. Хенсон, денес во 8:35 наутро по источно американско време, или во 14:35 по наше на шоу на „NBC“, подоцна од вообичаениот датум на кој се објавуват.

„Глобусите“ се втори по важност по „Оскарите“ и ја одбележуваат првата голема церемонија во календарот, но годинава беа одложени поради Ковид-19.

 

 

Британските sвезди како Оливија Колман, Кери Мулиган, Сер Ентони Хопкинс и Саша Барон Коен се меѓу очекуваните за номинации, според „Би-би-си“.

Во игра се и Вајола Дејвис и Мерил Стрип, а се очекува и покојниот Чедвик Боузман да биде постхумно номиниран за најдобар спореден актер.

Номинациите ќе бидат објавени во среда попладне, пишува британскиот јавен сервис.

 

 

Share
Scroll to Top