Моделот Јасмина Роси (65), своето прво седо влакно го добила на 11 година, а сега отворено зборува за своите ставови околу стареењето, самоприфаќањето и убавината. Таа е една од првите модели со седа коса и е мајка на две деца.
Роси својата манекенска кариера ја започнала случајно, откако во последен момент била повикана да замени еден од моделите. Оттогаш работи со познати модни куќи како што се Ив Сен Лоран, Џил Сандер и Тиери Муглер.
Таа отсекогаш ја сакала нејзината коса, а од своите 11 години се справува со седите влакна за кои смета дека се магични. Поради сребрената коса добила бројни реакции, воглавно негативни, но нејзиното длабоко чувство за самопочит, вредност и достоинство, не дозволило тие никогаш да влијаат врз неа.
„Отсекогаш сум се залагала за тоа она го сакам или не сакам, а парите никогаш не биле причина за моите постапки“, вели таа.

Роси верува дека самоприфаќањето е поврзано со здравиот разум и стравопочит кон човечкото битие и тело. Таа вели дека има силна врска со природата и законите на природата. Користи свежи органски производи во исхрана, но и за нега на кожата.

Исто така, таа свесно ги блокира токсичните мисли, практикува добар сон и вежба јога. Според неа, вежбањето не е одење во теретана, туку следење на местото кон кое се насочува телото.
„Кога бев млада, луѓето мислеа дека сум професор по спорт или танчерка за балет“, вели таа.







