Секс афери го потресоа ФБИ, откриени шест обвиненија против високи официјални лица

Секс афери го потресоа ФБИ, откриени шест обвиненија против високи официјални лица

пред 2 години

Агенцијата „Асошиетед прес“ спровела истрага во која открила најмалку шест обвинувања за сексуални престапи, против високи официјални лица во ФБИ, во изминатите пет години.

Во истрагата се откриени и нови две тврдења, кои оваа недела ги изнела жена, која наводно била нападната од страна на агенти со висок ранг во агенцијата.

Еден од помошниците директори на американското Федерално истражно биро, се пензионирал откако бил обвинет дека додека бил во алкохолизирана состојба, на скалите, непримерно допирал жена која му била подредена.

Уште еден висок официјален претставник во ФБИ, го напуштил бирото, откако било откриено дека сексуално малтретирал осум од вработените. И уште еден високо рангиран агент се пензионирал, откако бил обвинет дека преку уцена, приморувал една од помладите службенички на сексуални односи.

Сите обвинети избегнале да бидат дисциплинирани, наведува „Асошиетед прес“. Неколкумина биле префрлени и им биле доделени други должности или пак се пензионирале.

Тие ја задржиле целата пензија и бенефициите дури и откако по истрагата биле поткрепени тврдењата дека тие сториле сексуален престап, пренесува „Глас на америка“ на српски.

Освен тоа, официјалните федерални органи за спроведување на законот, имаат право да останат анонимни, дури по завршувањето на дисциплинската постапка, што им овозможува да се вработат во приватниот сектор или да останат во владината служба.

„Тие тоа го туркаат под тепих“, тврди поранешна аналитичарка на ФБИ, која во новата федерална тужба, го обвинила својот надреден, специјален агент, дека ја допирал непримерно и дека и го лижел лицето, на една забава во 2017 година.

Таа на крајот го напуштила бирото, а пати од пострауматско стресно пореметување.

„Многу обесхрабрувачки е кога ФБИ, која себе си се смета за врвна организација за спроведување на законот, им дозволува на луѓето за кои знае дека се криминалци, да се пензионираат или да ја продолжат кариерата во областите поврзани со спроведувањето на законот“, навела жената која побарала од „Асошиетед прес“, да биде идентификувана по името Беки.

ФБИ во соопштението навело дека има политика на нулта толеранција кон сексуалното малтретирање и дека обвинувањата против надредените, резултирале со отстранување од нивните позиции додека случаите се истражуваат и судат.

Во соопштението е додадено дека случаите можат да резултираат со подигање на обвинение и дека со текот на интерната и дисциплинска постапка, меѓу останатото, бирото ги проценува кредибилитетот на обвинението, сериозноста на престапот, и рангот и позицијата на вмешаните поединци.

ФБИ, кој има повеќе од 3500 вработени, е познат по тоа што не дозволува јавно да се говори за ваквите обвинувања. Последен пат кога Канцеларијата на генералниот инспектор спровела сеопфатна истрага за сексуални престапи во ФБИ, е откриени се 343 престапи од фискалната 2009 до 2012 година, вклучувајќи и три случаи на снимања на жени без облека без нивна согласност.

Share
Scroll to Top