Семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа во која настрада и Коби добија 2,5 милиони долари оштета

Семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа во која настрада и Коби добија 2,5 милиони долари оштета

пред 5 години

Две семејства чии членови загинаа во хеликоптерската несреќа во која загина и славниот НБА кошаркар, Коби Брајант, добија 2,5 милиони долари оштета, поради нелегално споделување на фотографии од местото на настанот, пренесува агенцијата „Асошиетед прес“.

Договорот за оштетата е објавен во вторникот на 2 ноември, а парите нема да ги добие вдовицата на Коби, Ванеса, иако таа ја поднесе тужбата за нелегалното споделување на фотографиите.

За потсетување, во несреќата која се случи на 26 јануари 2020 година, покрај Коби загина и една од неговите ќерки Џиана и уште седум други лица. Хеликоптерот се сруши западно од Лос Анџелес. Единствените кои имале право да сликаат на местоот биле истражителите од агенцијата задолжена за безбедност на превоз NTSB и службеници од правосудна медицина.

Сепак, полицајците и пожарникарите од округот во Лос Анџелес, снимале со мобилни телефони. Тие покрај местото на падот ги сликале и жртвите, а потоа сликите ги споделиле на други лица.

Поради тоа изби скандал, а семејствата на жртвите поднесоа и тужба против локалните власти поради незаконско споделување на фотографиите. Адвокатите кои го застапувале округот во Лос Анџелес, во извештајот препорачале дека е постигнат договор со семејствата.

На тој начин е избегнато продолжение на долгиот судски процес кој досега чинел 1,3 милиони долари. Метју Маузер е човекот кој треба да добие 1,25 милиони долари оштета, како и Џеј Џеј и Алексис Алобели. Маузер во несреќата ја изгубил сопругата, а Џеј и Алобели родителите и сестрата.

Рочиштето во судската постапка која ја покренала вдовицата на Кобим Ванеса е закажно за февруари 2022 година. Адвокатите на градот тогаш побарале да ѝ се направи психијатриско испитување. Тие сакаат да докажат дека Ванеса патела од депресија и емоцинален стрес.

Тие сметале дека таа патела од губењето на сопругот и ќерката, а не поади фотографиите кои излегле во јавноста. Округот во Лос Анџелес побарал судски налог за објавување на медицинската документација во рамки на својата одбрана.

Исто така е наведено дека Ванеса не може да пати поради фотографиите од местото на несреќата, кои никогаш не се ведени, ниту пак се некаде јавно објавени. Нејзините адвокати изјавија дека се разочарани од ваквите барања и сметаат дека тоа ќе ја присила Ванеса да се сети на тоа што се случило и дополнително ќе ја повреди.

 

 

Share
Scroll to Top