Серена Вилијамс го покажа трудничкиот стомак: се обидувам да сфатам дали бебето е напред или назад

Серена Вилијамс го покажа трудничкиот стомак: се обидувам да сфатам дали бебето е напред или назад

пред 1 година

Серена Вилијамс го покажа трудничкиот стомак облечена во елегантен црн фустан додека е на одмор во Италија. На првата од двете фотографии, тениската легенда напиша: „Внимание: Работите не се секогаш онакви какви што изгледаат“.

На втората фотогрфаија тенисерката се пошегувала на нејзина сметка: „Сериозно се обидувам да сфатам дали бебето е напред или назад“.

Вилијамс позираше во долг црн фустан без ракави и розови потпетици. Ваквиот стајлинг тенисерката го носела наа свадба  кај нејзина блиска пријателка.

Иако Вилијамс се уште не го објавил полот на детето, многу корисници се убедени дека таа ќе добие момче.

Вилијамс откри дека таа и Алексис Оханијан го очекуваат своето второ дете на почетокот на овој месец, неколку моменти пред да пристигнат на овогодинешната Мет Гала.

„Бев толку возбудена кога Ана Винтур нè покани тројцата на Мет Гала“, напиша Вилијамс на фотографијата како го гали стомакот пред да прошета по тепихот во црн фустан на Гучи. Вилијамс и ко-основачот на Редит, кои се венчаа во 2017 година, веќе се родители на петгодишната Олимпија.

Минатата недела, парот сподели видео од нивната ќерка кога дозна дека ќе стане „поголема сестра“.

 

Share
Scroll to Top