Се запознав добро со мојата вагина изминатите 42 години, ќе кажам дека има точки на задоволство кои се отвораат како што старееш, открива Кристина Агилера

Се запознав добро со мојата вагина изминатите 42 години, ќе кажам дека има точки на задоволство кои се отвораат како што старееш, открива Кристина Агилера

пред 11 месеци

Пејачката Кристина Агилера стана сексуална велнес консултант за брендот „Плејграунд“. Таа вели дека сексуалното здравје е приоритет во нејзиниот живот и дека сака да ги поттикне жените да ја отстранат стигмата од сексуалноста и да живеат здрав сексуален живот, изјавила пејачката за „Пипл“.

„Се надевам дека ќе ги инспирирам другите жени да не се срамат да зборуваат за нивните искуства, сопственото тело и сексуалноста и што значат за нив, бидејќи секоја жена е различна. Имав можност добро да ја запознаам својата вагина во изминатите 42 години и можам да кажам дека таму буквално има точки на задоволство кои се отвораат како што старееш“, изјавила Кристина.

Таа истакнала дека има четири различни места на гениталиите, чија стимулација доведува до врвот на задоволството.

„Не ти треба партнер за да имаш ноќна средба со себе, тоа многу ми се допаѓа. Патуваме и се откриваме себеси“, изјавила добитничката на Греми.

Исто така, пејачката им предлага на жените што порано да почнат да се запознаваат, за да имаат живот со многу задоволство.

„Вагината е епицентарот на нашата благосостојба“, истакнала Агилера, а целта на нејзината работа за брендот „Плејграунд“ е да создаде безбедно место за жените.

„Не размислуваме двапати кога треба да купиме крем за лице или шампон за коса, тоа ни е нормално и вообичаено. И нашите гениталии имаат потреба од љубов и грижа, а не им посветуваме доволно време и внимание“, заклучила пејачката.

„Плејграунд“ произведува интимни препарати за подобрување на сексуалното задоволство и здравјето на жените кои се одобрени од Американската агенција за храна и лекови.

Share
Scroll to Top