Се родија две бели волкчиња во скопската Зоолошка

Се родија две бели волкчиња во скопската Зоолошка

пред 2 години

Скопската зоолошка градина се збогати за уште два нови членови, се родија бебињата видот бели волци. Тие се загрозен вид на животни. Бебињата се стари три недели, а белата боја како своите родители ќе ја добијат со текот на времето.

-Волчињата се со родителите, тие се грижат за нив. Мајката ги роди во дувло кое сама го направи и таму седат сокриени подолго време од денот. Во многу земји на ЕУ овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција. Арктичкиот волк е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци, велат од скопската зоолошка.

dobivaj vesti na viber

Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот поради нивното ловење, туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.

Фото: Горан Анастасовски


Ќе ви се допадне

tải go88

Share
Scroll to Top