Добрила Ивановска Чабриќ (94) од Дојран пред пет години настапи во музичкото шоу „Никад није касно“ и успеа да ги освои симпатиите на публиката.
Иако е најстарата ветеранка која досега се појавила во популарното шоу, таа има енергија на која можат да ѝ позавидат и нејзините млади колеги, пишува nova.rs.
Добрила откри дека дека подготвува многу изненадувања за својата публика, а својата животна приказна ќе ја претвори во автобиографска книга.
“ Подготвив книга во која ќе го опишам мојот досегашен живот, наскоро ќе излезе од печат и мислам дека публиката ќе биде воодушевена. Според мојата книга ќе биде направена монодрама, каде јас ќе ја играм главната улога, бидејќи пред се‘ сум актерка. Учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, најмногу го опишав, ми остави најголем впечаток досега. Сигурно има детали кои никој до сега не ги знаел – вели таа.
Нејзин заштитен знак е младешката енергија со која зрачи и на 94 години, а неодамна доживеа и сообраќајна несреќа во која едвај остана жива.
“ Скоро имав несреќа, автомобилот се преврте на покривот, едвај излегов, само воланот ми остана во раце. Но, еве, продолжувам понатаму, не се откажувам и сакам уште долго да живеам“ – изјави Добрила.