Се споија „Фиат“ и „Пежо“: Новата компанија ќе биде четврта најголема во светот

Се споија „Фиат“ и „Пежо“: Новата компанија ќе биде четврта најголема во светот

пред 11 месец

Автомобилските групации „Фиат Крајслер автомобили“ и „Пежо-Ситроен автомобили“ добија согласност од Антимонополското регулаторно тело на Европската Унија да се спојат во една компанија вредна 50 милијарди евра. Новата компанија ќе се вика „Стелантис“, а официјално ќе почне со работа до во првата половина на 2021 година.

Пред „Стелантис“ официјално да почне со работа, на 4 јануари ќе се одржи состанок на акционерите и управата на двете компании.

„Само се чекаше надлежната комисија на Европската Унија да утврди дека ‘Стелантис’ нема да биде монопол на европските пазари. Тоа не одеше лесно, бидејќи европските регулатори се сомневале дека заедничкото вложување, наводно, ќе има голем удел на пазарот на камионети. ‘Фиат’ и ‘Пежо’ очигледно успеаја да ги разубедат и да ги разјаснат сомнежите на регулаторите“, пишува „Ројтерс“.

Заедничката компанија ќе произведува околу 8,7 милиони возила годишно и ќе стане четвртиот најголем производител на автомобили во светот, зад „Фолксваген“, „Тојота“ и групацијата „Рено-Нисан-Митсубиши“. Зад нив ќе останат „Џенерал моторс“, „Форд“ и други глобални автомобилски мегакомпании.

Компанијата „Стелантис“ ќе ги вклучува брендовите „Абарт“, „Алфа Ромео“, „Фиат“, „Фиат профешнл“, „Крајслер“, „Џип“, „Ланчија“, „Рем“, „Масерати“, „Пежо“, „Ситроен “, „Опел“и други.

„Фиат“ и „Пежо“ ги здружија силите да ги неутрализираат негативните ефекти од забавувањето на побарувачката и полесно да ги поднесат трошоците за производство на еколошки почисти возила, но и да ги исполнат барањата на построгите регулативи за емисијата на гасови. Спојувањето ќе придонесе и за проширување на пазарот, затоа што „Фиат Крајслер“, поради „Крајслер“, добро котира на американскиот пазар, а таму „Пежо“ никогаш не успеа да се пробие.

Share
Scroll to Top