Синот на Амди Бајрам вторпат стана дедо, внуката доби име Ана

Синот на Амди Бајрам вторпат стана дедо, внуката доби име Ана

пред 8 месеци

Габриел Бајрам вторпат стана дедо, неговиот син Валентин со сопругата Деби, добија девојче.

„Денес на мојата среќа и нема крај. Се чувствувам како птица која лета низ небото во бесконечноста. Енергијата која ја добив денес, ќе ми даде сила да продолжам да се борам. Добив светлина како Сонце, која ќе ми го осветлува патот каде и да одам. Добив внука од мојот син Валентин, нека и жива и здрава. Не постои реченица која може да ја опише денешната радост и среќа. Сине Валентин нека ти е жива и здрава керќичката Ана, невесто Деби, ти благодарам што денес ме усреќи и исполни со радост. Господ е Голем и прави чуда. Милионите, моќта и имотот не го прави човекот богат. Богат е оној човек кој е најсреќен и има пород позади себе. Дури сега знам дека сум богат“, напиша претседателот на Унијата на Ромите и син на починатиот македонски пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам.

Покрај внуката Ана, Бајрам ја има и внуката Лаура која ја доби во 2021 година од ќерката Перијан.

Габриел Бајрам својот син Валентин го ожени во септември минатата година, кога направија свадба за памтење. Настанот го собра целото семејство по многу време, а гостите ги забавуваше познатиот пејач Адил Максутовиќ.

Share
Scroll to Top