Фолк-пејачката Сани Гроздановска ѝ се налути на нејзината колешка Сања Барби-Цинцева. Таа објави стауст во кој вели “Само да прашам, Сања Барби Цинцева, дали си ги изми забите пред да го спомне јавно моето име? Ако не па да ѝ купам четка и паста за заби“.
По оваа објава „Репортер“ ја праша Сани, што толку ја разлутило од колешката Цинцева, а таа кусо ни напиша : Не давам никакви изјави во врска со ова“. Во меѓувреме и пративме порака и на Барбика и до сега, не ни одговорила на прашањето зошто Сани јавно ја спомнува. Не изостанаа и зајадливите коментри на пријателите на Сани, па на прашањто коа е Барбика Цинцева, оваа му вели: Една што сака да биде пејачка.
За потсетување и двете и Сани и Барбика, се долго време фолк-пејачки, кои настапуваат по кафеани и по музички фестивали и турнеи. Но, заради пандемијата, одамна и двете немале настап.