Американскиот претседател Доналд Трамп, е свесен за поразот на претседателските избори, но само го одложува преносот на власта, за да им се одмазди на демократите, поради испитувањето на легитимитетот на изборите во 2016 година, соопштува „Си-ен-ен“, а пренесува Курир.рс.
Трамп особено сака да им се одмазди поради истрагата за руското мешање, пренесуваат медиумите. Неговите најблиски соработници изјавиле дека неговото одбивање и попуштање е последица на незадоволството кое го покажаа поранешната демократска претседателска кандидатка Хилари Клинтон и поранешниот американски претседател Барак Обама, на минатите избори.
Трамп смета дека ваквото незадоволство на Клинтон и Обама, негативно влијаеле во неговата трка за претседател. Тие изнесуваа тврдења дека Русија наводно се вмешала во изборите во 2016 година.
Пред американските медиуми, Трамп верува дека чесно да не ја признае победата на Џо Бајден, поради фактот што и Хилари Клинтон не го признала веднаш нејзиниот пораз на минатите избори.
Трамп продолжува да ги лечи раните од загубените избори од кандидатот кој во повеќе наврати го нарекол недостоен противник, што за него претставувало понижување. Тој, на 19. ноември не се појавил на првиот брифинг на Оперативната група за борба против ковид 19, кој е организиран по повеќе од шест месеци.
Како што наведуваат американските медиуми, неговите пријатели и деловни партнери, барале од него да мисли за иднината. Според нивните зборови, таквото однесување може само да му наштети. Многу се загрижени и поради тоа што Трамп верува во тврдењата на неговиот адвокат Руди Џулијани, дека правните средства би можеле да го променат исходот на изборите.
Но, американскиот претседател е упорен. Ситуацијата би можела да се промени за недела или десет дена, но во моментов Трамп не е подготвен да попушти.
Американските претседателски избори беа одржани на 3. ноември. За местото претседател се бореа кандидатот на републиканците Доналд Трамп и неговиот противкандидат од редовите на демократите, Џо Бајден. Според изборните проекции на поедини медиуми, Бајден е прогласен за победник, но официјалните резултати од изборите уште не се објавени.
Американските власти ја обвинија Русија за мешање во изборите во 2016 година, нешто што Москва го негираше. На основа на непотврдениот извештај за врските на Трамп со Русија, американсктие известувачки служби, ги надгледувале неговите соработници.
Дополнително, рускиот случај го истражувал и специјалниот обвинител Роберт Мјулер, кој не пронашол докази за врската меѓу Трамп и Русија.