Кристен Стјуарт ги воодушеви критичарите во Венеција како принцезата Дијана

Кристен Стјуарт ги воодушеви критичарите во Венеција како принцезата Дијана

пред 3 години

Глумицата Кристен Стјуарт доби одлични критики на Венецискиот филмски фестивал за улогата на принцезата Дијана во филмот „Спенсер“. Најновиот филм за британската принцеза вчера имаше премиера, а некои критичари напишаа дека Кристен со оваа улога е фаворит за Оскар.

Критичарите го фалат британскиот акцент на Стјуарт, а „Дејли мејл“ нејзината глума ја опиша како спектакуларна.

„Кристен Стјуарт е толку одлична што заслужува Оскар. На Меган Маркл ќе ѝ се допаѓа филмот“, напиша критичарот на „Телеграф“.

Филмот „Спенсер“ се фокусира на еден викенд во животот на Дијана, кога таа ги поминува божиќните празници со членовите на кралското семејство на имотот во Норфолк и решава да стави крај на бракот со принцот Чарлс. Режисерот на филмот, Пабло Лараин, ја прикажува Дијана како изолирана и отуѓена од остатокот на кралското семејство, со исклучок на децата Вилијам и Хари.

 

Стјуарт вели дека уживала да ја игра Дијана и да ги доловува нејзините манири и однесување и покрај тагата што се провлекува низ филмот.

Share
Scroll to Top