Совети за подобро здравје и имунитет во студените зимски денови

Совети за подобро здравје и имунитет во студените зимски денови

пред 7 месеци

Зимата и студените денови се непријатели на здравјето, а вирусите и инфекциите се опасни за ослабениот имунитет. Посебно во пандемијата годинава треба да се практикуваат некоки совети за здравјето …

Релаксација како терапија за ослободување од стресот

Покрај студеното време, овој период од годината е карактеристичен и по депресивноста што ја носи со себе. Затоа што повеќе време треба да се посвети на релаксирани моменти за да се намали стресот.

Здрав сон по 8 часа дневно

Спиењето по осум  часа дневно е оптимално време за организамот да се одмори и да биде полн со енергија, освен ова спиењето е особено важно за одржување на имунитетот на организамот, што би помогнало во одбраната од многуте сезонски и коронавирусот,  кои демнеат во зимските денови.

 Кафето заменето со чај

Секојдневното пиење чаеви  помага во одржување на температурата,  течноста ја подобрува циркулацијата и овозможува подобро да се поднесат ниските темперетури. Оптималната дневна количина би била околу литро чај дневно.

Намирници кои содржат цинк

Употребата на јадења богати со цинк е особено важна во зима за правилното функционирање на организмот. Јадења кои се особено богати со цинк се: црвено месо, риби, рибни производи, ореви, бадеми и сл.

Помали оброци, почесто на ден 

Јадењето почесто, но помалку, е важно за зачување на  енергијата во организмот, бидејќи внесувањето  храна во поголеми количини го принудува организамот да потроши поголемо количество енергија за нејзино варење, што го исцрпува организмот.

Спорт и пешачење

Спортувањето секогаш позитивно влијае на здравјето. Два пати неделно се доволни за одржување на кондицијата, а во деновите кога времето е убаво прошетката треба да биде прва на листата на активности.

Share

AnimeDao steins gate animedao: Watch Naruto: Shippuden Episode 465 (https://animedao.nl/m/oro/ep-465)

4Anime dubbed anime: DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 24

Scroll to Top