Сопругот на пејачката Ники Минаж, Кенет Пети е обвинет дека во 1994 година силувал девојче. Пејачката сега ѝ нуди на жртвата половина милион долари за да го промени исказот или се откаже од тужбата.
Пети наводно пред повеќе од две децении ја силувал Џенифер Хаф кога таа имала само 16 години. Таа вели дека тој ја силувал додека одела на пат за училиште.Познатата двојка сега ѝ нудат мито за да го промени исказот или да се откаже од тужбата, пренесува USA Today.
Џенифер ги обвинила Ники и Кенет за вознемирување и заплашување.