Со години не купувам нова гардероба, ја позајмувам, вели Грета Тунберг за скандинавскиот Вог

Со години не купувам нова гардероба, ја позајмувам, вели Грета Тунберг за скандинавскиот Вог

пред 4 години

Шведската активистка Грета Тунберг се појави за насловната страна на првото скандинавско издание на модниот магазин Вог. Таа позираше во облека изработена од одржливи, рециклирани материјали, објави списанието.

Во интервју за „Вог“ таа изјави дека со години не купувала нова облека.

„Јас последен пат купив нешто ново пред три години, половно. Сега само позајмувам работи од луѓе што ги познавам“, вели таа.

Тунберг вчера ја сподели корицата од модното списание на социјалните мрежи и ја искористи приликата да ја искритикува брзата мода.

„Модната индустрија придонесува многу за климатската и еколошката криза, а да не зборуваме за нејзиното влијание врз голем број работници и заедници кои се експлоатирани низ целиот свет за некои да уживаат во брзата мода, која многумина ја третираат како за еднократна употреба“, напиша таа во објавата на Инстаграм.

Тунберг вели дека некои компании користат скапи кампањи за да остават впечаток дека се грижат за животната средина, но всушност ништо позитивно не прават за неа, туку ја злоупотребуваат зелената слика.

 

Самиот магазин во соопштението наведе дека ги споделува вредностите на младата климатска активистка за одржлив живот и заштита на животната средина.

Share
Scroll to Top