Сопругата на српскиот актер Небојша Глоговац, на посебен начин го одбележала денот на неговото раѓање. Сопругата Милица на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео и напиша „Љубов за неговиот ден“, додека во позадина се слуша песната „Се сеќавам само на среќни денови“ од Габи Новак.
На видеото се таа и нејзината ќерка Сунчица како чекорат на патека која е покриена со големи дрвја.
На денешен ден во 1969 година е роден актерот Небојша Глоговац, кој денеска требаше да го прослави 53. роденден.
Глоговац почина на 9 февруари во 2018 година, по кратко и тешко боледување на Институтот за онкологија и радиологија во Белград.