Со кредит ја оженив Весна, ама никогаш не ѝ беше досадно со мене: Љубовната приказна на Оливер Драгојевиќ во пресрет на тригодишнината од смртта

Со кредит ја оженив Весна, ама никогаш не ѝ беше досадно со мене: Љубовната приказна на Оливер Драгојевиќ во пресрет на тригодишнината од смртта

пред 4 години

Пред точно три години почина хрватската музичка легенда Оливер Драгојевиќ. Неговите фанови се потсетуваат на него и на социјалните мрежи споделуваат негови песни и цитати.

Љубовната приказна со неговата сопруга Весна е една од најромантичните приказни во регионот, која фановите на легендарниот пејач до ден-денес ја раскажуваат.

Нивната љубовна приказна започна на 13-ти мај 1973-та година.

„Кога си реков дека е доста од осаменост и младешки глупости, ја запознав Весна. Јас имав 26, а таа 19 кога се сретнавме кај Страдун. Помина покрај мене, имаше црна и црвена коса, долга и брановидна. Се свртевме обајцата во исто време. Потоа се распрашував за неа. Имаше место за состаноци во Градската кафана, каде што се знаеше сè за сите. Еден од тамошните луѓе, посредник, ни договори состанок. Се најдовме таму, дали тоа беше состанок или кафе, не знам. Попладнето повторно се видовме. Бевме во паркот, од главната пошта до Бонин и поседевме таму можеби еден час-два. Некако се договоривме за врска. Немаше преддоговорни спогодби, немаше ништо“, раскажа за тој во едно од неговите интервјуа.

Една година подоцна ги направија брачните завети во неговата куќа во Сплит со неговите најблиски.

„Татко ми, мајка ми, брат ми, девојка му, жена ми, јас и двајца-тројца пријатели. Беше одлично. Некој донесе вино, татко ми зеде месо, јас торта. Земавме кредит, немавме пари, немавме ништо. Пеевме, јадевме и се подружевме, а во вечерните часови отидовме во хотелот Марјан. Таму сите испозаспавме во фотелјите, дотолку бевме уморни од прославата“.

Парот доби три деца, Дино и близнаците Дамир и Давор.

„Живееме одлично. Никогаш не ни е здодевно и никогаш не сме осамени. Со Весна, имаме договор, а за најмалку уште една ќерка, рече музичарот во едно заедничко интервју пред триесеттина години, каде говореа за нивните деца и заедничкиот живот

Музичарот секогаш ја спомнуваше својата сакана. Во едно негово интервју од почетокот на 2012-та година, тој раскажа колку е среќен што е со неа.

„Имав среќа. Среќен сум што имам толку добра жена што после толку време сѐ уште ме чека со она што ми се допаѓа најмногу, домашна топла супа. Со тоа, најдоброто се враќам во живот. Никој не готви подобро од мојата Весна. Ја развеселувам и јас со нејзиниот парфем што го нарачала или некое друго парче. Јас сум човек што ужива во мали нешта, во топлината на домот, домашните јадења, децата, внуците. А Весна е одлична баба, таа е онаа која се сеќава на сите родендени, имендени, купува подароци, тоа е многу грижлива и внимателна“, рече Оливер.

Share
Scroll to Top