Секој втор Европјанин никогаш не вежба ниту се занимава со спорт

Според научниците тркачите во просек живеат до 12 години подолго од општата популација

пред 3 месеци

Трчањето десет часа неделно повеќе од 120 километри е екстремна активност, а новата студија покажува дека туркајќи го телото до границите на издржливоста, олимписките и другите професионални спортисти додаваат години во својот живот, пишува „Саенс алерт“. Анализирани се здравствените податоци на 200 луѓе кои истрчале милја (1,6 километри) за помалку од четири минути во различни децении, педесеттите, шеесеттите и седумдесеттите години.

Според тим на научници од Канада и Австралија, овие професионални тркачи живееле во просек речиси пет години подолго од нивните сонародници. Она што го откриле се коси со ставот дека премногу вежбање има негативен долгорочен ефект.

Иако бројните епидемиолошки студии покажуваат дека физички поактивните индивидуи живеат подолго од неактивните, сè уште не е утврдено без сомнение дали е добро да се вежба повеќе од препорачаното.

Спортистите кои можат да истрчаат 1,6 километри за помалку од четири минути се уникатни поединци, познати по тоа што ги туркаат своите респираторни, кардиоваскуларни, метаболички и мускулно-скелетни системи до крај.

Во 2018 година, кардиолозите утврдија дека овие тркачи, во просек, живеат до 12 години подолго од општата популација.

Новата студија опфати голем број учесници во текот на дури три децении.

Share
Scroll to Top