Силвестер Сталоне стана најнов член во клубот на Доналд Трамп

Силвестер Сталоне стана најнов член во клубот на Доналд Трамп

пред 3 години

Легендарниот американски глумец, Силвестер Сталоне, (74), стана еден од најновите членови на клубот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во „Мар-а-Лаго“, открил извор близок до него за светските медиуми.

Станоле и претходно бил гостин во клубот на Трамп, а таму го поминал и дочекот на Новата година во 2016 година. Изворот тврди дека го видел Сталоне во клубот минатиот месец.

„Силвестер штотуку стана член на „Мар-а-Лаго“. Виден е како позира со другарите за да се слика, а сите имаа дигнато во воздух стистната тупаница“, вели изворот.

Ѕвездата од филмот „Роки“, во декември 2020 година, купил имот од 35 милиони долари во близина на клубот во Палм Бич. Имотот има 1230 метри квадратни. На него има вила со седум спални соби, а од напред се наоѓа 77 метри долго пристаниште за бродови, песочна плажа и базен во дворот.

Сталоне има и куќа на Флорида во Бискејн Беј, но, минатата година бил во потрага по недвижнина во Палм Бич, каде на крајот и купил.

 

 

 

Share
Scroll to Top