Христијан Груевски, Евгенија Шулевска, Шефко Асим, Никола Илиоски, Даниел Котоски, Јован Матлиојоски од средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид направија пловило на соларен погон.
Со оваа иновација тие го освоија првото место на државниот натпревар „Предизвик за млади истражувачи 4“, во рамките на Фондот за иновации.
Во овој случај наутиката е префрлена на електричен погон и се се сведува на 24 волти еднонасочен напон. Овој тип на возило е и еколошки и може да се користи во Охридското езеро посебно во туристичката сезона.
Пловилото сега во сопственост на шестмината ученици кои биле вклучени во овој проект и планираат да го користат како туристичка атракција.
Пловното возилото е со тежина од 240 кг, наменето е за 4 патници кои може да пловат цел ден. Во недостаток на сончева енергија, пловилото ја користи енергијата која се складира во батериските ќелии.
Фото: https://emucohrid.edu.mk/