Српската манекенка и актерка Нина Сеничар доби второ дете со својот сопруг, актерот Џеј Елис, кој глумеше во филмот Top Gun: Maverick.
Сеничар на својот Инстаграм објави фотографија на која заедно со сопругот и ќерката го држат за нозе, новородениот син.
„Леле, имаме син“, напиша убавата Србинка и откри дека момчето се родило на 11 јули.
Парот го нарече својот син Ноа Греј Елис, а претходно ја добија ќерката Нора Грејс Елис, која се роди во 2019 година.
Двојката се венчаше пред две години, а пред тоа беа во врска седум години. Нивната прва средба се случила случајно во еден бар во Лос Анџелес.
Во јули 2022 година, тие се венчаа на свадба од бајките во Тоскана, а на церемонијата присуствуваа околу 190 гости, која ја пренесоа и светските медиуми.
Престижниот магазин Вог ја рангираше нивната венчавка меѓу 10-те најубави за таа година. „На самиот почеток на вечерата ги замолив сите гости да се напијат по една чаша ракија. Тоа е познат српски пијалок кој е во нашата традиција стотици години“, изјави тогаш Нина за Вог.
Инаку, Нина ја започна својата кариера како водителка на италијанската телевизија, по што се занимаваше и со манекенство, а во 2010 година учествуваше во реалното шоу „Островот на славните“ кое се прикажуваше во Италија. По шоуто, таа се посвети на актерството, а зад себе има неколку улоги.