Староградски и медитерански звук на фолк-вечерта на „Охрид фест“

Староградски и медитерански звук на фолк-вечерта на „Охрид фест“

пред 3 години

Цане Петров, уметничкиот директор на фолк-вечер на „Охрид фест 2021“ вели дека на годинашниот фестивал ќе доминираат песни со староградски и медитерански звук. Фолк вечерта на фестивалот ќе се одржи на 10 септември, а ќе има 18 нови песни. Меѓу пејачите ќе настапат и
Благица Павловска, Скопски Боеми, Ирена Спасовска, Перо Христов, Кате и Соната, Нино Величковски, Благоја Груевски и други.

„Песните ги направија некои од најпознатите автори во Македонија, а доминира препознатливиот звук на охридската песна и им пркоси на сите нови продукциски технологии. Овојпат во песните доминираат тамбурата и мандолината“, рече Петров.

Освен фолк-вечерта, 28. издание на Охрид фест ќе има и интернационална вечер, па на 11 септември освен домашните музичари, на сцената во Долни Сарај ќе настапат и Владо Калембер и групата Легенде.

Share
Scroll to Top