Николае Чаушеску ја водеше Романија од 1965 до 1989 година. Тој беше диктатор што го угнетуваше својот народ, кој на крајот се крена против него.
Незадоволните граѓани ги преплавија улиците на Букурешт и побараа Чаушеску да се повлече. На крајот, на 25 декември, тој беше застрелан заедно со неговата сопруга Елена. Јонел Бојеру беше еден од трите лица кои ги убија Чаушеску и неговата сопруга на католичкиот Божиќ 1989 година по мелодраматичмо судење.
По пресудата, тие беа изнесени од зградата додека Чаушеску ја пееше на Интернационалата, а неговата помалку прибрана сопруга извикуваше „Е*ете се!“. Бојеру ги постави пред ѕидот и ги покоси со својот калашњиков, пренесува Гардијан.
Сè се случи со брзина на светлината, а воениот новинар успеа да го сними само последниот рафал со куршуми што го сруши поранешниот претседателски пар. Ова видео го обиколи низ целиот свет.
– Сè уште сум нервозен кога зборувам за тоа. Јас одзедов два животи. Во војна ова е прифатливо, но многу е потешко кога убивате невооружени луѓе. Јас не би посакал вакво нешто на никого, иако убивањето луѓе е моја работа – рече Бојеру во 2014 година.
Тој тогаш истакна дека не жали што го означил крајот на тиранијата на Чаушеску и владеењето на стравот и сиромаштијата. Неговото семејство, исто така, беше меѓу милиони прогонети.
– Дедо ми беше свештеник, либерал, тој го помина најголемиот дел од животот во затвор. Тој беше навистина среќен по тие настани, среќен што режимот се смени, дека Чаушеску е мртов. Тој ми рече: Без грижи, јас ги преземам сите твои гревови -му посочи на внукот.
Тој додаде дека платил висока цена за овој чин. Тоа го чинеше приватност, мир и брак со жена која се грижеше за славата што ја стекна.
Бојеру верува дека токму неговите куршуми биле тие што го убиле Чаушеску, бидејќи кога започнал да пука, видел дека едниот од трите членови на стрелачката екипа замрзнал неколку моменти, а другиот заборавил да го стави оружјето во автоматски режим, а Бојару успеал да испука неколку куршуми.
Сè уште е познато низ целиот свет дека Чаушеску и неговата сопруга Елена биле многу вљубени, а парот дури побарал да умрат заедно, што било одобрено.
– Ги застрелав многу брзо. Мислам дека им овозможив да умрат со достоинство – додава тој.
Гробот на Чаушеску официјално не постои. На гробницата каде што се погребани, има имиња на двајца генерали со датум на смртта, што одговара на датумот на смртта на парот Чаушеску. Државата ги отфрли сите барања на семејството и следбениците остатоците да бидат пренесени во мавзолеј или црква и нивниот гроб да биде обележан.
Местото каде е застрелан парот Чаушеску во Трговиште е отворено за туристи. Пофалувањето и славењето на Чаушеску во медиумите е забрането со закон