Тарантино не сака да го дели богатството со мајка му затоа што како дете таа не верувала во него дека ќе успее како режисер

Тарантино не сака да го дели богатството со мајка му затоа што како дете таа не верувала во него дека ќе успее како режисер

пред 3 години

Познатиот холивудски режисер Квентин Тарантино вели дека не сака да го дели неговото богатство со мајка му затоа што кога бил дете, таа не верувала дека тој ќе успее да се прослави како режисер.

Тој вели дека таа се обидела да му ги прекине сите аспирации кои тои ги имал за пишување.

„На мајка ми секогаш ѝ беше тешко што не учев. Ми се дереше правејќи наводници со прстите и велејќи оваа мала писателска кариера што ја имам, тоа гомно мора да заврши“. рече Тарантино во подкастот „Моментот“.

„Кога ми го рече тоа на тој саркастичен начин, ѝ кажав: Добро, госпоѓо, кога ќе станам успешен писател, никогаш нема да видиш ниту еден денар од мојот успех. Нема да има куќа за тебе, одмор за тебе, нема „Кадилак“ за мама. Нема да добиеш ништо. Затоа што го кажа тоа”, речеТарантино.

Кога водителот го прашал дали Тарантино навистина не и дал ништо на мајка му, тој му потврди:  Освен што ѝ помогнав кога заглави со УЈП,ништо друго и немам купено. Нема Кадилак, нема куќа за неа“, рече тој.

Водителот се обидел да му сугерира дека мајка му можеби го инспирирала за да се докаже, но, тој одговори: „Вашите зборови имаат последици за вашите деца. Запомнете дека има последици од вашиот саркастичен тон за тоа што нив им е значајно“.

Тарантино раскажа дека освен со мајка му, тој имал проблеми и со наставниците поради неговото пишување за врем на училишниот ден. Тие гледале на тоа како да е пркосен чин на бунт.

 

Share
Scroll to Top