Твитерџиите ја нападнаа Меланија Трамп за морбидната роденденска честитка за синот

Твитерџиите ја нападнаа Меланија Трамп за морбидната роденденска честитка за синот

пред 4 години

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, иако уште додека беше во Белата куќа реши да се дистанцира од социјалните мрежи, сега направи мала отстапка честитајќи му го роденденот на својот син.

На 20 март  Меланија на својот твитер-профил објави честитка за нејзиниот син Барон. Под фотографијата со два црни балони, со броеви во знакот на годините на Барон, таа напиша само „Среќен роденден БВТ”. Имено, „БВТ“ се иницијалите на нејзиниот син Барон Вилијам Трамп.

 

Иако нејзината објава за кратко време доби над 60 илјади лајкови, сепак голем број на твитерџии ја искритикува прашувајќи се зошто Меланија одбрала на таков начин да му го честита роденденот на сопствениот син, а не со некоја посреќна фотографија, забележувајќи дека црните балони се „прилично морбидни“.

За разлика од нејзиниот сопруг Доналд Трамп, Меланија сè уште има пристап до социјалните мрежи и не ѝ е забрането да објавува.

Наскоро по напуштањето на Белата куќа, Меланија откри дека повторно ја отворила канцеларијата посветена на нејзините потфати, која во минатото се фокусираше на благосостојбата на децата, подигање на света за нацоионалната криза со опиоди, како и предупредување за „сајбер булинг“.

 

Share
Scroll to Top