„Тешко е да се работи со Том Круз“, се жали екипата од „Невозможна мисија“

„Тешко е да се работи со Том Круз“, се жали екипата од „Невозможна мисија“

пред 11 месец

Дел од екипата која работи на филмот „Невозможна мисија“, пак се нашла во непријатна ситуација поради однесувањето на холивудскиот актер Том Круз, пишуваат светските медиуми. По неодамнешниот инцидент, тие велат дека Том не прекинал со своето насилно однесување.

„На Том му е потребна помош во контрола на бесот“, изјавил изворот кој сакал да остане анонимен. Тој вели дека актерот не престанал јавно да ги понижува вработените и да се однесува безобразно кон членовите на екипата.

National Enquirer пишува дека поради заканите од отказ, сите кои работат со него сега живат во страв. За потсетување, британски „Сан“ на крајот на минатата година излезе со видео на кое се слуша како Том им се заканува на вработените со откази, ако ги види уште еднаш дека ги кршат мерките за заштита од коронавирусот.

Share
Scroll to Top