Тејлор Свиф ги наградила вработените со бонуси од 100.000 долари

Тејлор Свиф ги наградила вработените со бонуси од 100.000 долари

пред 1 година

Пејачката Тејлор Свифт моментално е на турнејата Ерас, која е многу успешна, што се одразува и на финансиите, а се чини дека дарежливата пејачка сака да го награди својот тим за успехот на турнејата.

Извори на „ТМЗ“ дознале дека Тејлор им дала по 100.000 долари на секој возач на камион кој ја превезува нејзината опрема.

Наводно, на сите 50 возачи кои ја превезувале нејзината опрема за турнејата низ САД им биле платени по 100.000 долари, што би значело дека Тејлор поделила пет милиони долари бонуси.

Изворите тврдат дека бонусите се награди за крајот на турнејата бидејќи турнејата во САД завршува следната недела по настапот на стадионот СоФи во Инглвуд, Калифорнија, пред да се пресели во Мексико.

Турнејата на Тејлор заработи 1 милијарда долари од продажба, но ова не е крајната пресметка, може да испадне дека е турнејата со најголема заработка досега.

Возачите на камиони не се единствените кои добиле бонуси. Изворите тврдат дека пејачката ги наградувала членовите на групата, танчерите, техничари за осветлување и звук, угостители и други членови на екипажот. Не е познато колку пари добиле, но изворите тврдат дека станува збор за многу дарежлива сума.

Share
Scroll to Top