Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, влезе во таканаречениот „Клуб 900“ во Лигата на шампиони, во кој се наоѓаат ракометари кои дале над 900 гола во ова натпреварување. Дибиров вчера на натпреварот со Кјелце даде пет гола и досега постигнал 902 гола во ЛШ.
Со вечерашните голови, Дибиров стана четвртиот најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампиони. Убедливо најдобар е капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазров, кој дал 1345 гола во Лигата на шампионите, по него е Никола Карабатиќ со 1089 гола, а трет е Момир Илиќ со 969.