Тинејџерка собра 30.000 пара чевли за да ги донира на бездомници

Тинејџерка собра 30.000 пара чевли за да ги донира на бездомници

пред 5 години

Линдзи Собел (17) веќе пет години собира чевли за бездомниците во Калифорнија и им ги донира. Таа почнала да ги собира чевлите на 12 години. Откако присуствувала на кошаркарски натпревар во „Стејплс Центар“ и првпат забележала колку многу бездомници има во Лос Анџелес, решила да им помогне.

„Забележав дека многу од нив живеат во навистина ужасни услови и сметав дека никој не заслужува да живее на тој начин. Многу од нив дури и немаа чевли. Тоа ми создаде сосема нова перспектива за животот,“ вели Линдзи.

Таа досега донираше 30.000 пара чевли на луѓе низ Јужна Калифорнија. Вели дека ова ја прави среќна оти може да помогне.

„Кога се вратив дома од кошаркарскиот натпревар, го отворив плакарот и сфатив дека имам многу чевли што никогаш не сум ги носела. Можеби половина од нив никогаш не беа облечени. Дарувањето чевли би бил одличен начин да ѝ се помогне на заедницата,“ си помислив.

Таа во 2016 година одлучила да почне да собира нови и веќе носени чевли. Ја основаше добротворна организација Shoes for Souls и почна да бара помош од пријатели и луѓе кои би донирале.

Таа исто така организираше еднонеделно патување во летен камп каде што камперите се натпреваруваа едни со други за да донираат повеќе обувки. Линдзи брзо собра илјадници чевли што ги донираше во локалните засолништа за бездомници. Кога двајца членови на Градскиот совет на Лос Анџелес ѝ побараа помош, таа успеа да донира над 4.000 пари чевли за неколку недели.

„Бев толку почестена што можев да помогнам. Беше навистина одлично да гледам како се исплаќа мојата работа,“ додала Линдзи.

Иако таа сака да им даде на луѓето што повеќе чевли, вели дека секогаш се грижи тие да бидат во добра состојба.

„Моето мото е, ‘ако и вие би ги носеле, ќе ги прифатам’. Сакам да се обидам да им го дадам најдоброто можно искуство на сите луѓе. Не сакам да им дадам пар чевли кои се уништени или истрошени. Не сакам да мислат дека тоа е нивна сопствена вредност“, вели Линдзи.

 

Share
Scroll to Top