(Видео) Кулинарски финти на Џејми Оливер за совршени палачинки

(Видео) Кулинарски финти на Џејми Оливер за совршени палачинки

пред 3 години

Следете ги чекорите на славниот готвач и сигурно ќе успеете да ги направите најдобрите палачинки за целото семејство.

Палачинките се слатко на кое никој не може да му одолее. Стандардна е подготовката на тестото, но за совршен вкус постојат одредени кулинарски финти.

Британскиот готвач Џејми Оливер на својот јутуб-канал покажал како тој прави палачинки. Сѐ што ви е потребно се шолја брашно, една и пол шолја млеко, три јајца и малку морска сол.

Промешајте ги состојките во сад со маталка додека да добиете мазна смеса без грутки. Потоа оставете го да отстои. Вклучете ја ринглата и ставете ја тавата на средно силен оган, па премачкајте го дното со масло. Потоа со кутлача додадете дел од смесата и така прекријте ја целата површина од тавата.

Славниот готвач ги пече палачинките околу минута, а потоа ги врти на другата страна. Палачинката треба да има златна боја, да биде свиленкаста и мека.

Share
Scroll to Top