Тинејџер од Америка доби 1.800 долари бидејќи шест години да не користел социјални мрежи

Тинејџер од Америка доби 1.800 долари бидејќи шест години да не користел социјални мрежи

пред 3 години

Во 2016 година, Лорна Голдстренд Клефсас го предизвикала својот 12-годишен син Сиверт да се држи настрана од социјалните мрежи додека не наполни 18 години. Како награда му ветила пари за неговиот осумнаесетти роденден. Па тој успеа на 19 февруари 2022 година добие 1.800 долари, пренесува Си-ен-ен.

Сиверт изјави дека не било тешко да се живее без социјалните мрежи и дека не размислувал многу за тоа во изминатите шест години.

Како 12-годишник, тој рече дека и онака не користел многу социјални мрежи. Единствената апликација што ја имал пред облогот била Снапчет, која ја избришал еден ден откако ја пробал.

„Како што одминуваше времето, сè повеќе беше прашање на гордост“, рече тој.

Благодарение на пријателите, бил информиран за најновите информации или трендови.

Лорна рече дека никогаш не морала да проверува дали нејзиниот син сè уште има скриени преземени апликации.
Сиверт, од друга страна, додаде дека избегнувањето на социјалните мрежи му овозможило да се фокусира на учење и спорт.

Сиверт за CNN изјави дека не размислувал што да купи за парите. Кога имал 12 години се шегувал дека ќе купи куќа, но сега веројатно ќе купи нешто за неговиот студентски дом на Универзитетот Нортвестерн Сент Пол.

Тој реши по добиениот облог да отвори профил на Инстаграм, а неговата мајка, иронично, сподели на Фејсбук дека Сиверт го добил облогот. Таа рече дека тоа е „еден од најдобрите начини за трошење пари досега“.

„Ми се чини дека и други родители се заинтересирани да го испробаат овој предизвик. Не сум против социјалните мрежи, но сум за нивна здрава употреба. Станува збор за тоа да не дозволите да бидете оптоварени, или зависни од тоа, или да бидете погодени од работите што луѓето ги објавуваат“, изјави Лорна.

Таа додаде дека мисли дека нејзиниот син сега има „поинаква перспектива“ на социјалните мрежи отколку што би имал на 12 години.

Сиверт е најмладиот од четирите деца, а сите три негови постари сестри користеле социјални мрежи додека растеле. Лорна рече дека понекогаш чувствувала дека нејзините ќерки се „премногу зафатени“ со нивните апликации.

Share
Scroll to Top