Том Хенкс ја продаде „пеглата“ и парите ги донира во добротворни цели

Том Хенкс ја продаде „пеглата“ и парите ги донира во добротворни цели

пред 2 години

Оскаровецот Том Хенкс за 76.000 евра ја продаде неговата „пегла“ преку аукција на bringatrailer.com, а парите ќе ги донира во добротворни цели, за финансирање на хуманитарната кампања Hidden Heroes. Се смета дека ова е веројатно најскапо платениот Fiat 126p во историјата.

Хенкс пред неколку години на шега објави фотка со Fiat 126p во Будимпешта, каде што престојувал работно. Кога негова обожавателка, Моника Јасколска која живее во градот каде што се произведува оваа кола, ја видела сликата, почнала кампања за да собере пари и да му ја подари колата на Хенкс. Глумецот ја доби „пеглата“ за роденден, а потоа донираше голема сума пари во болницата во која работела Јасколска.

 

Share
Scroll to Top